If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ
8054
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-8054,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ

Дата

June 16, 2014

Категорија

Вести, Соопштенија

ЈАВЕН ПОВИК

 

За прибирање на предлог проекти од јавен интерес за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните од областа на локален економски развој, заштита на животната средина, енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија, социјална кохезија, образование и култура од здруженија на граѓани и фондации од Општина Радовиш во согласност со стратешките и програмските документи на општината, финансирани од буџетот на Општина Радовиш за 2014 година.

 

Финансиските средства предвидени во буџетот на Општина Радовиш за 2014 година, во програмата G1 за вклучување на проекти од стратешки локален развој изнесувааат 10.000.000 денари. Истите ке бидат распределени по доставен и одобрен предлог проект на здруженија на граѓани и фондации.

 

 

 

Право на учество

 Субјекти кои имаат право да конкурираат со свои предлог проекти се здруженија и фондации со седиште во Општина Радовиш.

 

Основни критериуми

 -Корисниците да се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации;

-Корисниците своите предлог проекти да ги реализираат на територијата на Општина Радовиш;

-Реализацијата на проектните активности да биде во согласност со Уставот и Законите во Република Македонија;

 

Посебни критериуми

 – Предлог проектите да кореспондираат со стратешките документи на Општина Радовиш и да биде наведено во самиот предлог проект за која стратешка цел и документ се однесува;

–  Доделените средства исклучиво да се користат за намената предвидена во предлог проектот во согласност со зададената временска рамка;

 

 Времетраење

 Предвидениот период за реализација на проектните активности да биде до 10 Декември 2014 година, така што проектот во вкупното времетраење да не надминува 6 месеци.

Продолжување на предвидениот период за реализација на проектните активности може да биде дозволено само во случај на поднесување на писмено барање, со соодветно образложение за оправданоста на истото.

 

Потребни документи за аплицирање:

 –  Пополнет апликационен формулар/предлог проект (еден примерок во оригинал и две копии), кој може да се добие на веб страната на Општина Радовиш – www.radovis.gov.mk или во одделението за локален економски развој во ЕЛС Радовиш.

– Копија од решението за упис во регистарот на здруженија и граѓани

– Профил на правното лице со референтна листа на досегашни реализирани проекти

– Годишна програма на активности за 2014 година

– Извештај за евентуално добиени средства од Општина Радовиш за 2013 година

– Електронска верзија на апликациониот формулар / предлог проект во ЦД

– Изјава дека со реализацијата на грантот тој нема да остварува профит и средствата нема да ги користи спротивно на уставот и Законите на Република Македонија, заверена кај нотар.

 

Забелешка:

 Доставената апликација/предлог проект задолжително треба да биде пополнета со печатни букви со кирилско писмо, потпишана од застапникот на правното лице и заверена со печат на Здружението на граѓани или фондацијата.

Општина Радовиш го задржува правото на корегирање на буџетот на поднесениот предлог проект.

 

Рокови:

Проектната документација се доставува преку пошта(препорачано) или лично на адреса:

По пошта:

Општина Радовиш

Одделение за локален економски развој

Бул.Александар Македонски бб

2420 Радовиш

Лично:

Во архива на Општина Радовиш

Краен рок за поднесување на предлог проектната документација е 10 дена од објавувањето на јавниот оглас, заклучно до 26 Јуни 2014 година до 15,30 часот.

На пликот во горниот лев агол треба да стои “Не отварај“ а на долниот десен агол “За јавен повик за здруженија за граѓани – Општина Радовиш“.

 

Напомена: Непотполните апликации и апликациите кои се пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Доставените апликации не се враќаат.

Подносителите на предлог проектните апликации, по јавниот оглас, ке бидат известени во рок од 15 дена од денот на донесување на одлуката за распределба на средствата од буџетот на Општина Радовиш за 2014 година.

 

Лице за контакт:

Лазар Газепов – Виш соработник

Општина Радовиш

Одделение за локален економски развој

E-mail: ler.radovis@radovis.gov.mk