ПОЛОЖЕНО ЦВЕЌЕ НА СПОМЕНИЦИТЕ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ И ЈОСИП БРОЗ ТИТО
Дата
May 04, 2018
Категорија
ВестиПо повод 115 години од смртта на револуционерот Гоце Делчев, денес 4-ти мај беше оддадена почит и положено свежо цвеќе на споменикот во паркот на младите.
Исто така беше оддадена почит и положено свежо цвеќе на споменикот на Јосип Броз Тито во дворот на гимназијата, кој почина на денешен ден пред 38 години.
Свежо цвеќе положи делегација предводена од Градоначалникот Герасим Конзулов, делегација на Советот на општина Радовиш предводена од Претседателот Коле Чаракчиев, делегација на Сојузот на борците и Здружението на Пензионерите, делегации од политичките партии и други.