If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ПОСЕТА НА ЗБРАТИМЕНАТА ОПШТИНА АЛИАГА ВО РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА
14224
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-14224,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ПОСЕТА НА ЗБРАТИМЕНАТА ОПШТИНА АЛИАГА ВО РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА

Дата

April 26, 2018

Категорија

Вести

ДЕЛЕГАЦИЈА НА ОПШТИНА РАДОВИШ ПРЕДВОДЕНА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕРАСИМ КОНЗУЛОВ ОСТВАРИ ПОСЕТА НА ЗБРАТИМЕНАТА ОПШТИНА АЛИАГА ОД РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА

 

Во периодот од 19 до 23 Април, по повод традиционалното празнување на Денот на детето, делегација од општина Радовиш предводена од Градоначалникот на општина Радовиш, Герасим Конзулов беше во посета на збратимената општина Алиага во Република Турција.

 

Делегацијата најпрво беше пречекана од страна на Градоначалникот на Алиага Г-дин Серкан Очар кој упати голема благодарност за прифатената покана и посака и во иднина да продолжи соработката помеѓу двете општини.
Во склоп на посетата беа остварени неколку средби.
Во локалната стопанска комора беше одржана средба со бизнисмени од Алиага на која беа презентирани можностите за инвестирање во општина Радовиш како и продлабочување на соработката помеѓу бизнис секторот од двете општини.

 

На свеченото отварање на самата манифестација, која започна со дефиле низ општина Алиага, свое поздравно обраќање имаше Градоначалникот Герасим Конзулов кој во име на граѓаните на општина Радовиш го изрази своето задоволство од досегашната соработка помеѓу двете општини и упати срдечни честитки до домаќините за нивната прекрасна организација. На оваа свеченост свој настап имаше и балетското студио Газели кој одлично ја претставија нашата општина.
Беа остварени посети и на неколку населени места кои беа дел од самата манифестација. Беше посетена општина Каршијака – Измир, каде што на манифестацијата посветена на соработката помеѓу општините, од страна на Здружението на иселеници од Македонија кои живеат таму, на Градоначалникот му беше доделена статуетка во знак на благодарност за соработката.

 

Исто така беше посетена и општина Хелвеџе каде делегација на Градоначалникот присуствуваше на пеливанско борење.
На 23 Април, Понеделник, беше остварен прием кај Градоначалникот Серкан Ечар каде беа споделени импресиите од самата посета а исто така беа разменети и подароци помеѓу двете општини.
На иницијатива на сопствениците на хотелот кој е дел од групацијата Хилтон, каде што престојуваше делегацијата, беше остварена работна средба на којашто беше договорена посета на општина Радовиш од нивна страна, поточно посета на прочистителната станица за можна соработка во делот на понатамошните фази од доработка на отпадните материјали.

 

На 24 Април делегацијата беше испратена од страна на Градоначалникот Ечар посакувајќи повторно видување во блиско време и одржување на соработката помеќу двете општини.

Photo Gallery - Фото Галерија