ПОСЕТА НА ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО РАДОВИШ
Дата
November 01, 2017
Категорија
Вести, Тековни ПроектиЗаменик министер за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули и Градоначалникот Герасим Конзулов остварија средба и беа во посета на Пречистителната станица во Радовиш.
Во обиколката на Пречистителната станица која е во завршна фаза од страна на претставници на изведувачот Вардар градба беа запознаени со тековните активности и работите кои се одвиваат околу изградбата на овој капитален објект.