If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ИЗГРАДБА НА ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА ВО РАДОВИШ
11305
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-11305,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ИЗГРАДБА НА ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА ВО РАДОВИШ

Дата

February 01, 2016

Категорија

Вести

ЌЕ СЕ ГРАДИ ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА И ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРА КАНАЛИЗАЦИОНАТА МРЕЖА ВО РАДОВИШ

 

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, градоначалникот на општина Радовиш, Сашко Николов и директорот на ЈКП “Плаваја” – Радовиш, Драги Миленков, денеска, го потпишаа договорот за спроведување на проектот „Изградба на пречистителна станица за отпадни води и рехабилитација и проширување на приоритетната канализациона мрежа во општина Радовиш”.

 

Вкупната вредност на договорот за градба на овој инфраструктурен објект изнесува 6.700.000 евра, а средствата се обезбедени преку Инструментот на ЕУ за претпристапна помош (ИПА) предвиден во рамките на Оперативната програма за регионален развој 2007-2013 (дел: животна средина) и кофинансиран од Буџетот на Р. Македонија.

 

Со проектот ќе се обезбеди прочистување на урбаните отпадни води на Радовиш и населба Раклиш со што ќе се придонесе директно кон заштита на водите на Стара Река (Струмешница). Воедно ќе се изврши и раздвојување на дел од отпадната и атмосферската канализација што ќе овозможи поефикасно работење на пречистителната станица.

 

Проектот за градба ќе започне со спроведување во текот на месец февруари, а ќе заврши до јули 2018 година заради гарантниот период од една година.