Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ПРАВИЛНИК ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА КАНДИДАТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ПОМОШНО-ТЕХНИЧКИ ЛИЦА ВО ОПШТИНА РАДОВИШ
14694
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-14694,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ПРАВИЛНИК ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА КАНДИДАТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ПОМОШНО-ТЕХНИЧКИ ЛИЦА ВО ОПШТИНА РАДОВИШ

Дата

July 23, 2018

Категорија

Известување, Соопштенија

Согласно член 20-г и 20-д од Законот за вработените во јавниот сектор (Сл. весник на РМ бр. 27/14..35/18) и член 25 од Законот за работните односи (Сл.весник на РМ бр.62/2005…120/18) ,Градоначалникот на општина Радовиш,донесува:

                              П Р А В И Л Н И К

за селекција на кандидати за вработување на помошно-технички лица во Општина Радовиш

 

                                                член 1

Со овој Правилник се уредува начинот на селекција на кандидатите за вработување на помошно-технички лица  во Општина Радовиш и бодувањето на различните фази на селекцијата.

                                               член 2

Постапката за селекција се спроведува во две фази и тоа проверка на пријавата и доказите (прва фаза)и интервју(втора фаза).

                                              член 3

-Во првата фаза , Комисијата за селекција формирана со посебно решение од страна на Градоначалникот  во рок од 3 (три) дена од истекот на рокот за пријавување на јавниот оглас врши проверка дали кандидатите ги доставиле задолжителните докази за исполнување на условите од огласот и составува записник во кој се констатира кои кандидати ги доставиле а кои кандидати не ги доставиле задолжителните докази при што Комисијата постапува согласно Законот за вработените во јавниот сектор .

-Во првата фаза од селекцијата на кандидатите се врши евалуација /вреднување на формалното образование,неформалното образование и работното искуство на следниот начин:

-за средно образование се доделуваат 2 бода;

-за  неформално (вишо образование) се доделуваат 2,5 бода;

-за неформално (високо образование) се доделуваат 3 бода;

-за работно искуство за исполнување на пропишаниот минимум се доделуваат 2 бода;

-за работно искуство над пропишаниот минимум по 0,25 бода за секои 5 години за најмногу дополнителни 1,25 бода.

-Сите кандидати кои ги доставиле задолжителните докази се квалификуваат во втората фаза на селекцијата а оние кандидати кои не ги доставиле задолжителните докази се дисквалификуваат од понатамошна селекција.

-Доколку Комисијата за селекција се посомнева во веродостојноста на некој доказ истата доставува барање до соодветниот орган односно институција за дополнителна проверка  на доказите.

pdf-icon (Погледни или превземи)

Правилник за селекција на кандидати за вработување на помошно-технички   лица во Општина Радовиш