ПРАШАЛНИК ЗА СОБИРАЊЕ НА ПРЕДЛОЗИ ЗА БУЏЕТ НА ЕЛС РАДОВИШ ЗА 2021 ГОДИНА
Дата
November 13, 2020
Категорија
Вести, Известување, СоопштенијаПочитувани,
Општина Радовиш согласно насоките добиени од страна на Министерството за финансии, а врз основа на Законот за Буџети и Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа го започна процесот на изработка на нацрт-буџетот за 2021 година.
Со цел да се активираат жителите во процесот на креирање на буџетот на општината и да се алоцираат средствата во согласност со нивните потреби, креиран е прашалник преку кои жителите ќе можат да партиципираат во утврдување на приоритетите во Буџетот на Општина Радовиш за 2021 година.
Прашалникот се состои од неколку кратки прашања и истиот нема да ви одземе повеќе од 10 минути.
Општина Радовиш однапред Ви се заблагодарува за вашето одвоено време.
Прашалник за собирање на предлози за Буџет на ЕЛС Радовиш за 2021 година