ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПРОГРАМАТА ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ
Дата
August 20, 2015
Категорија
ВестиВчера во просториите на салата на Советот на општина Радовиш, беше одржана презентација на тригодишна програма за Енергетска ефикасност на општина Радовиш.
Општина Радовиш, од страна на Светска банка беше избрана за реализација на овој проект, како претставник на општините од гратските подрачја (во конкуренција од апликации на 50-тина општини). Како претставник на руралните општини, во проектот е вклучена Општина Старо Нагоричане.
Во согласност со новите законски одредби, секоја општина има обврска до Агенција за енергетика на РМ да доставува тригодишна програма за ЕЕ и годишен Акционен план кој се темели на програмата.
Во снимањето и сумирањето на потребните податоци беа вклучени претставници (енергески менаџери) од сите правни субјекти кој се во склопот на ингиренциите на Општина Радовиш (Основните и средното училиште, Против пожарната единица, Детската градинка,Библиотеката, Центарот за култура, ЈП Плаваја и објектот на општинската администрација).
Анализирани се постоечките состојби на повеќе сегменти: Јавните објекти, јавното осветлување, водоснабдувањето на Општина Радовиш, потрошувачката на енергенти за превоз, греење, затоплување….и е извршена Нормализација (постапка на прилагодување на заштедите на енергија според референтни услови).
Светска банка, за потребите на Општина Радовиш, во рамките на овој проект ке изработи три Предфизибилити студии за зголемување на Енергетската ефикасност, а со тоа и во заштеда на средства, кој би биле наменски употребени за други активности.
Следна активност во спроведување на овој процес е донесување на оваа програма на Совет на Општина Радовиш ми нејзино доставување до Агенцијата на енергетика на РМ и изработка на годишен Акционен план за Енергетска ефикасност.