ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ГЕНЕРАЛШТАБОТ НА АРСМ И АМБАСАДАТА НА САД ВО ПОСЕТА НА РАДОВИШ
Дата
April 10, 2019
Категорија
ВестиДенес во посета на општина Радовиш беа претставници од Генералштабот на АРСМ, претставници од канцеларијата за соработка во одбраната при амбасадата на САД во нашата држава, и претставници на вооружените сили на САД во Европа.
Целта на посетата беше запознавање на Градоначалникот Герасим Конзулов за претстојната воена вежба под име „Одлучен удар“ која ќе се одржи на воениот полигон Криволак.
Во рамките на посетата беше истакнато задоволството за денешната средба и поддршката од страна на Градоначалникот Конзулов и општината за претстојните активности.
Исто така од страна на претставниците на АРСМ, и претставниците на вооружените сили на САД е договорено претставување на дел од нивната воена опрема и возила во Радовиш во текот на месец Јуни.
Кабинет на Градоначалник на општина Радовиш.