ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ЗА НАДЗОР ЗА ИЗГРАДБА НА ЛОКАЛНИОТ ПАТ КАЛУЃЕРИЦА-ПОДАРЕШ
Дата
September 18, 2015
Категорија
Соопштенија
ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ПРОЕКТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ УСЛУГИ – (MSIP)
Договори за заем бр. 8158-MK
Идентификациски број на проект: P096481
ТЕХНИЧКА ПОМОШ: НАДЗОР ЗА ИЗГРАДБА НА ЛОКАЛЕН ПАТ КОЈ ГИ ПОВРЗУВА СЕЛАТА КАЛУЃЕРИЦА И ПОДАРЕШ ВО ОПШТИНА РАДОВИШ
Владата на Република Македонија – Министерство за финансии, има добиено заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка во износ од 75 милиони долари за имплементација на Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП) и во согласност со условите од договорите има намера дел од средствата од договорот за под-заем со општина Радовиш да ги насочи за плаќање по договор за надзор за изградба на локален пат кој ги поврзува селата Калуѓерица и Подареш во општина Радовиш .
Консултантските услуги (“услуги”) опфаќаат надзор и контрола на градежни работи за изградба на локален пат кој ги поврзува селата Калуѓерица и Подареш во општина Радовиш .Ангажманот завршува на 30 ноември 2016 година. Подетални информации во однос на потребните квалификации може да се најдат на следниот линк: