Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | РАБОТНА ПОСЕТА НА ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА, ЈЗУ „ЗДРАВСТВЕН ДОМ“ И ТППЕ ВО РАДОВИШ
15447
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-15447,ajax_updown,page_not_loaded,,boxed,no_animation_on_touch,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

РАБОТНА ПОСЕТА НА ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА, ЈЗУ „ЗДРАВСТВЕН ДОМ“ И ТППЕ ВО РАДОВИШ

Дата

January 16, 2019

Категорија

Вести

Денес, Градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов придружуван од Секретарот на општината Драги Стојанов, остварија работни посети на општинските установи и институции.

 

Најпрво беше посетена Полициската станица од општа надлежност во Радовиш, каде со надлежните лица и Командирот Борче Крстев беше разговарано за тековните активности и мерки кои се превземаат за поголема безбедност на граѓаните, безбедноста во сообраќајот и останати активности. Во знак на благодарност за работата на дежурните служби во новогодишните и божиќните празници, Градоначалникот Конзулов на Полициската станица и подари компјутер.

 

Потоа беше остварена посета на Јавната здравствена установа „Здравствен дом“ во Радовиш каде со Директорката Лимонка Илиева и Раководителот на итната медицинска помош, беше разговарано околу планираните активности во 2019 година, како и тековните работи кои се одвиваат во самата здравствена установа. Исто така во знак на благодарност за работата на дежурните служби во новогодишните и божиќните празници, Градоначалникот Конзулов подари ЛЕД телевизор.

 

На крај беше остварена работна посета и на Територијалната противпожарна единица во Радовиш, каде со Командирот Васил Митев беше разговарано за активностите кои беа превземени согласно временските услови, како и планираните активности во текот на 2019 година. На ТППЕ Радовиш, во знак на благодарност за работата на дежурните служби во новогодишните и божиќните празници, Градоначалникот Конзулов подари печка-камин.