РАБОТНИ АКТИВНОСТИ НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ НИЗ ОПШТИНАТА
Дата
July 05, 2018
Категорија
Вести, Тековни ПроектиВо тек се работни активности на повеќе инфраструктурни проекти во општина Радовиш.
Се асфалтира улицата во Раклиш која е во должина од 370 метри. ширина 6 метри. Асфалтирањето ќе биде со два слоја на асфалт 7+4 см, а исто така ќе биде поставен бекатон на тротоарите долж целата улица.
Деновиве активно се работи на уредување на јавната површина и поставување на урбана опрема на паркот кај болницата-Детско игралиште.
Исто така се продолжува со работните активности на чистење на Радовишка Река, се чистат наносите од поплавите и поројните дождови кои ја зафатија нашата општина.
При крај се работните активности за санирање и реконструкција на градскиот стадион и службените простории