СЛУЖБЕНА СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕРАСИМ КОНЗУЛОВ СО ОПШТИНСКИТЕ УЧИЛИШТА ЗА ПРЕВОЗОТ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО УЧЕБНАТА 2018-2019 ГОДИНА
Дата
June 28, 2018
Категорија
ВестиВо текот на вчерашниот ден, градоначалникот на општина Радовиш имаше службена средба со директорите на општинските училишта.
На средбата присуствуваа директорите не СОУ Коста Сусинов – Радовиш, ООУ Крсте П.Мисирков – Радовиш, ООУ Никола Карев – Радовиш, ООУ Орце Николов – Ињево, ООУ Коста Рацин – Подареш и ООУ Кирил и Методиј – Ораовица.
Главната цел на средбата беше да се усогласи организираниот превоз на учениците за учебната 2018 – 2019 година.
На почетокот од средбата, градоначалникот Герасим Конзулов им упати честитки на директорите за успешно завршената школска година при што беше информиран за просечните успеси на ниво на училишта со кои учениците ја завршиле учебната 2017 – 2018 година. Во овој контекст, градоначалникот ја изрази својата подготвеност, заедно со Советот и соработниците од сферата на образоването во општината постојано да помага во унапредувањето на образовниот процес и на подобрувањето на условите за работа.
Во врска со превозот сите присутни ги искажаа проблемите со кои се соочуваат при организирањето на превозот на учениците, но и на наставниците при што беше констатирано дека не е доволен бројот на лицата и наставниците, коишто имаат лиценци за вршење на јавни набавки. Конкретно за овој проблем, грдоначалникот нагласи дека има упатено уште двајца вработени од општината на обука за добивање на лиценци за јавни набавки, а сугерираше и училиштата да упатат и свои вработени на обуки таму каде што воопшто немаат вакви лица со лиценци како што е случајот со општинските основни училишта ООУ Крсте П. Мисирков од Радовиш и ООУ Кирил и Методиј од Ораовица. Тој, исто така го нагласи фактот дека барaњето од училиштата, општината да го спроведе тендерот нема да биде целисходно, бидјеќи нема да се стaса на време со тендерот. Во тој контекст, засега единствениопт лиценциран вработен за јавни набавки во општината Даме Ангеловски, заедно со колегата Ване Трајков, имаат 93 јавни набавки во општината така што не би било применливо ниту врменски, ниту во смисол на износот, кој во услови кога би се спровел преку општината би се зголемил како јавна набавка, а тоа значи дека за јавна набавка од над 130 000 еу постапката е 45 дена плус деновите за подготовка на тендерската докуентација, така што и при најповолни услови – без жалби, тендерот би се реализирал дури во месец Октовмри.
Беше заклучено дека уште ова учебна година училиштата сами да го спроведат тендерот за превоз на учениците,а догодина општината ќе ја превземе и оваа јавна набавка за нормално одвиваше на образовниот процес, а во меѓувреме да се ангажираат наставниците со лиценци со помош на училиштата кои немаат лиценцирани лица, како и вработените во општината за изведување на постапката за јавна набавка за превоз на ученици за учебната 2018-2019 година.
На средбата беа потенцирани и други проблеми со кои се соочуваат училиштата, а градоначалникот уште еднаш на крајот ги повика директорите на максимална соработка со цел решавање на проблемите.