РАДОВИШ: БОГОЈАВЛЕНИЕ – ВОДИЦИ 2018
Дата
January 22, 2018
Категорија
Вести, КултураЧествувањето на големиот православен празник Богојавление-Водици 2018 во Радовиш започна со света божествена литургија во двата храма Св.„Пророк Илија“ и Св. „Троица“, од каде што после литургијата верниците во „Литија“ се упатија кон базенот Шампион.Овде на базенот Шампион се изврши големиот водосвет, по кој ќе следуваше фрлањето на крстот.
Најсреќен оваа година кој успеа да го фати чесниот крст беше Никола Атанасов кој од пријавени кандидати беше најбрз и најсреќен, од Градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов доби награда, исто така подароци му додели и овогодишниот кум, а доби подарок и Православната црква од Радовиш и Зегин.
Градоначалникот Герасим Конзулов награди им додели на сите момчиња кои успеаа да го фатат Светиот крст во сите населени места во општина Радовиш.
Кумството од овогодишната манифестација од страна на Бојан Митевски беше предадено на Љупчо Камчев кој ќе биде кум за наредната година.