РАДОВИШ ДОМАЌИН НА “МЕЃУНАРОДНАТА ТРКА НА МИРОТ” (WORLD PEACE RUN 2014)
Дата
October 01, 2014
Категорија
ВестиРадовиш денес беше дел од “Меѓународната трка на Мирот” (WORLD PEACE RUN 2014) составена од интернационален тим на маратонци со една единствена цел, а тоа е промовирање на меѓународниот мир, единство, пријателство и разбирање.
Трката беше одбележана со свечено примање на Факелот на мирот на влезот од градот, трчање со подавање од рака на рака и почесно предавање на Градоначалникот на општина Радовиш г-дин. Сашко Николов кој трчаше заедно со маратонците .
Меѓународните учесници беа удостоени со кратка културна свеченост и прием од страна на Градоначалникот Николов кој го искажа своето огромно задоволство што и Радовиш е дел од оваа “Мировна трка” и воедно порача дека мирот, хармонијата и благосостојбата треба да се дел од секое срце и човечка душа и топлината која ја носи оваа трка неизмерно да се шири и понатаму.
По завршувањето на свеченоста Градоначалникот г-дин. Сашко Николов организираше заеднички ручек по што маратонците беа испратени кон излезот на градот каде повторно им беше предаден Факелот на мирот.