If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | РАДОВИШ ЛИДЕР ВО МАКЕДОНИЈА ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА БЕЗБЕДНОСНИ ПОЈАСИ ВО СООБРАЌАЈОТ
9421
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-9421,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

РАДОВИШ ЛИДЕР ВО МАКЕДОНИЈА ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА БЕЗБЕДНОСНИ ПОЈАСИ ВО СООБРАЌАЈОТ

Дата

November 12, 2014

Категорија

Вести

Според последните истражувања за користење на безбедносни појаси во сообраќајот во Република Македонија – Радовиш е лидер на ранглистата по бројот на возачи кои користат безбедносни појаси во автомобилите.
При денешната посета г-дин Љупчо Ставревски од Секторот за сообраќај во МВР и г-дин Стојче Стаменковски од републичкиот Совет за безбедност во патниот сообраќај на Градоначалникот на општина Радовиш г-дин Сашко Николов му беше презентирана анкетата и резултатите од истражувањето.

 

Владата на Република Македонија започна со сеопфатна кампања за безбедност во сообраќајот чија првенствена цел е да се влијае врз подигнување на свеста на граѓаните учесници во сообраќајот за почитување на пропишаните правила и прописи.

 

Подигнувањето на јавната свест и сообраќајната култура значи помалку жртви и спасени човечки животи. Секој учесник во сообраќајот мора да биде информиран дека светските практики покажуваат дека шансите да загинете во сообраќајна несреќа се двојно поголеми ако не носите безбедносен појас. За жал и податоците од истражувањата во Република Македонија покажуваат дека на патиштата кај нас секој втор ден згаснува по еден живот.

 

Оваа состојба може и мора да се надмине! Зависи од секој од нас, од секој член на нашето општество, од секој возач на автомобил, на велосипед, на мотор, од секој пешак и од секој учесник во сообраќајот. Невниманието е немилосрдно, може да наштети на секого.