Соопштение за организирање на Јавна презентација и Јавна анкета по Предлог АУП за Г.П.бр.46 и Г.П.бр.47, Општина Радовиш
Дата
January 18, 2018
Категорија
Вести, Известување, СоопштенијаСогласно член35, член51,став(10) од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“, бр.199/44,44/2015,193/15 и 163/16), Градоначалникот на Општина Радовиш го дава следното :
С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на Јавна презентација и Јавна анкета по Предлог АУП за Г.П.бр.46 и Г.П.бр.47, Општина Радовиш
Јавна презентација и јавна анкета се организира по Предлог АУП – Архитектонско урбанистички проект за формирање на градежна парцела и определување на површина за градење на Г.П. бр.46 и Г.П.бр.47, со намена Г2 според ДУП за дел од УБ2-УМ-А,Б и В, Радовиш .
Граници на опфатот се : Г.П. бр.46 и Г.П.бр.47, ДУП за дел од УБ2-УМ-А,Б и В, Радовиш .
Опфатот е со површина од 3 314.3 m2.
Јавната анкета и јавната презентација по Предлог АУП, ќе се спроведе со излагање на Предлог планот во просториите на во просториите на Мала Сала на Општина Радовиш.
Јавната анкета ќе трае пет(5) работни дена од денот на објавувањето на Соопштението,секој работен ден од 08:00 до 14:00 часот.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 23.01.2018г. во 13:00часот, во просториите на Мала Сала на Општина Радовиш, Бул.“А.Македонски“ бр.7.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
ГРАДОНАЧАЛНИК на Општина Радовиш, Герасим Конзулов