СОСТАНОК СО НВО СЕКТОРОТ ОД ОПШТИНА РАДОВИШ
Дата
December 15, 2014
Категорија
ВестиВо саботата во Салата на Советот на општината беше одржан состанок помеѓу граѓанските организации и вработените во одделението за ЛЕР, на кој состанок беа презентирани можностите за аплицирање на три отворени повика за добивање на финансиски средства за реализација на проектни идеи на територијата на општина Радовиш.
Од страна на одделението за ЛЕР беше понудена отворена соработка и помош при подготовката на проектната документација доколку некоја организација има интерес да аплицира на истите.
Покрај тоа присутните беа запознаени со можностите за финансирање на нивни проекти од буџетот на општина Радовиш за 2015 год., а истотака имаа можност да дадат свои предлози, идеи и мислења поврзани со моменталната состојба на заедничката соработка помеѓу општината и граѓанските организации и подобрување на истата во иднина.