СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОНЗУЛОВ СО ПРЕТСТАВНИЦИ ОД СОЈУЗОТ НА ЗДРУЖЕНИЈА НА ДИЈАБЕТИЧАРИ НА МАКЕДОНИЈА
Дата
March 17, 2021
Категорија
ВестиГрадоначалникот Герасим Конзулов, денес ги прими претседателот на “Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија,“ Диме Велев и претседтелот на “Здружението Дијабет Радовиш,“ Тони Митев.
На средбата се разговараше за иницијативата на Сојузот да се регулира одлагањето на опасниот отпад што лицата со дијабетис го создаваат при употребата на инсулинските пенкала. Предлогот предвидува отпадот да се собира и месечно да се одлага заедно со другиот медицински отпад во Здравните домови, со што би почитувале правилата за одлагање и постапување со истиот. Во општина Радовиш на месечно ниво се генерира околу четири килограми ваков отпад.
Градоначалникот ја поздрави инцијативата и изрази подготвеност за понатамошен ангажман во спроведувањето на проектот на локално ниво.
Во разговорот, беше констатирано дека проектот ќе придонесе за спречување на негативните влијанија на отпадот врз животната средина и подигање на јавната свест за заштита на животната средина.
Претседателот на “Здружението Дијабет Радовиш,“ Тони Митев се заблагодари за укажаната поддршката и соработката која ја имаат со Општината и градоначалникот Конзулов.