СРЕДБА СО ЧЛЕНОВИТЕ И УПРАВАТА НА ФА „КИТКА“
Дата
February 17, 2016
Категорија
Вести, КултураФолклорниот ансамбал „Китка“ од с.Ораовица се успешни амбасадори на нашата општина која ја претставуваат во нашата земја и надвор од неа.
Зачувувањето на традициите и нашите корени и култура се значајни за духовниот развој на вас како личности , но корисни и за целата локална заедница-рече на ова средба градоначалникот. Општината и понатаму ќе ги подржува активностите на овој фолклорен ансамбал кој брои 80 членови, и кој ансамбал е главен организатор на познатите „Велигденски средби“ фолклорен фестивал кој има меѓународен карактер.
Димче Петров-раководител на ФА „Китка“-Ораовица искажа благодарност кон градоначалникот за успешната досегашна соработка и ги презентира досегашните и идни активности на овој ансамбал.