СТАРИОТ МОСТ – СТАРО НОВ СИМБОЛ НА РАДОВИШ
Дата
May 28, 2015
Категорија
Вести, Реализирани ПроектиСВЕЧЕНО ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА РЕНОВИРАНИОТ СТАР МОСТ ВО РАДОВИШ
Мостот симбол на Радовиш кој ги спојува минатото и сегашноста на градот и кој ќе биде нов препознатлив белег на Градот во иднината – свечено е пуштен во употреба.
Реновираниот мост е ново прекрасно здание комплетно реновирано со високо квалитетен травертин камен и осветлен со квалитетно и економично лед осветлување.
Мостот во употреба го пушти Градоначалникот Сашко Николов и Претседателот на Советот Никола Миовски.
Овој некогашен и сегашен симбол на Радовиш ке биде уште еден бисер во туристичката карта на градот наш убав по кој во иднина ке се распознава Радовиш– истакна Градоначалникот Сашко Николов.