ТЕРМИН ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА ДОБИВАЊЕ СЕРТИФИКАТ ЗА АВТОТАКСИ ВОЗАЧ
Дата
November 28, 2014
Категорија
Вести, СоопштенијаС О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА ТЕРМИН ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА ДОБИВАЊЕ СЕРТИФИКАТ ЗА АВТОТАКСИ ВОЗАЧ
Соглaсно член 8-з од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ број 68/04,127/06,114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14 и 112/14) и член 4 од Правилникот за постапката и програмата за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач, формата и содржината на уверението за положен испит и на сертификатот за автотакси возач, („Службен весник на Република Македонија“ бр.98/14).
Општина Радовиш закажува испити за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач на 3 декември 2014 година (среда) во 15.30 и 17.30 часот. Испитот ќе се одржи во просториите на Авто-школа ,,СТАРТ,, во Радовиш.
Пријавувањето за полагање на испитот се врши со поднесување пријава до Општина Радовиш најдоцна 2 дена пред одржувањето на испитот.
Општина Радовиш