ТРЕТА ФОРУМСКА СЕСИЈА
Дата
November 26, 2014
Категорија
ВестиДенес беше одржана третата сесија од проектот Форуми на заедниците-Буџетски форум на општина Радовиш.
На оваа работна форумска сесија беа презентирани предлозите од работната група, а беше отворена дискусија со усвојување на предлозите. Потоа беше презентирана Програмата на ЛЕР, Програмата за Спорт во општина Радовиш, како и програмите за Социјална заштита и култура.
На крајот од третата форумска сесија се утврдија следните чекори и инструкции за работната група.
На буџетскиот форум присуствуваа над 80 граѓани кои активно се вклучија во спроведувањето на предвидените активности и дискусии, при што присутните имаа можност да ги изнесат своите ставови поделени во 9 работни групи.