ТУТУНАРИТЕ ОД “ТОМИ МИТ” ГИ ДОБИЈА ЗАСЛУЖЕНИТЕ ПАРИ
Дата
December 10, 2014
Категорија
ВестиТутунарите од Радовиш и радовишко може да здивнат.
Владата на Република Македонија им го исплати тутунот кој ланската година го предадоа на приватната компанија Томи мит, која од своја страна дозволи да си поигра со народната мака.
За стореното недело сопственикот на компанијата доби кривична пријава, а тутунопроизводителите си ги добија заслужените пари.
Како што ветија луѓето од централната и локалната власт така и сторија, денес во попладневните часови на сметките на околу 1000 тутунопроизводители легнаа парите за продадениот тутун од ланската реколта, со што уште еднаш недвосмислено се потврди дека се луѓе на кој може да им се верува и дека се политичари кој се држат за дадениот збор.
Денеска Министерството за финансии на сметките на 920 тутунари од Радовишко префрли 43 милиони и 300 илјади денари за откупениот и неплатен тутун од откупувачот.
Средствата за обесштетувањето се обезбедени преку продажба на запленетиот тутун од Томи Мит Тобако.