“ФОРУМ ВО ЗАЕДНИЦАТА” ВО ОПШТИНА РАДОВИШ
Категорија
ВестиДенес беше одржана Првата сесија во рамките на Програмата “Форум во заедницата“ во Општина Радовиш, на кој што беше одржан вовед во програмата, презентација на буџетскиот Форумски процес, утврдување на структурата на Форумот и преглед на реализацијата на стратешкиот развоен план и приоритети за развој на општината за 2014 година.
Форумот ќе се одвива во пет сесии кои ќе бидат одржани во месец ноември и декември оваа година.