If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ЈАВЕН ОГЛАС
12875
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-12875,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ЈАВЕН ОГЛАС

Дата

September 14, 2017

Категорија

Вести

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Радовиш , Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година усвоен од Владата на Република Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РМ, на ден 13.09.2017 година се објавува:

 

 

Ј А В Е Н О Г Л А С
до
евидентирани невработени лица за вклучување во
Програмата Општинско – корисна работа

 

 

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект „Заедно за граѓаните на нашата општина“ “ за работно ангажирање со скратено работно време за период од 6 (шест) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Радовиш.

 

 

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 6 (шест) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

 

 

За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 6.200,00 денари, што вклучува персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

– самохрани родители
– долгорочно и краткорочно невработени лица
– невработени лица со средно образование и високо образовани стручни лица од природните, општествените и хуманистичките науки

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :
-посета на стари и изнемоштени лица во општина Радовиш
– работа со лицата со интелектуална попреченост
– работа со децата со потешкотии во образовниот процес и нивна
социјализација

 

 

Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да подигнат и поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Радовиш во периодот од 14.09 2017 година до 20.09.2017 година.

 

 

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Радовиш и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Радовиш кај лицето Роберт Донев , Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Радовиш кај лицето Стојан Лазарев , Центар за социјлна работа Радовиш кај лицето Драги Димитриев

oglas----