If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ЈАВЕН ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА 10 РАБОТНИЦИ ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ЈАВНИ РАБОТИ ВО РОК ОД 9 МЕСЕЦИ
17250
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-17250,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА 10 РАБОТНИЦИ ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ЈАВНИ РАБОТИ ВО РОК ОД 9 МЕСЕЦИ

Дата

January 14, 2020

Категорија

Вести, Известување, Соопштенија

Врз основа на Програмата за јавни работи за 2020 година на Општина Радовиш, Одлуката за усвојување на Програмата за Локален Економски развој во општина Радовиш за 2020 во  општинскиот буџет бр: 08-1926/1 од 30.12 2019 год.,Решение за прогласување и објавување на Одлуката за усвојување на Програмата за Локален Економски развој во општина Радовиш за 2020 во  општинскиот буџет бр: 08-1926/2 од 31.12.2019 год. и Програмата за Локален Економски развој во општина Радовиш за 2020  Градоначалникот на Општина Радовиш донесува:  Одлука за објавување на јавен оглас за ангажирање на 10 работници за изведување на јавни работи во рок од 9 месеци на Општина Радовиш на ден 14.01.2020 година, објавува:

 

 

 ЈАВЕН ОГЛАС

за ангажирање на 10 работници за изведување на јавни работи во рок од 9 месеци.

 

Услови за пријавување:

а) долгорочно евидентирани невработени лица

б) ниско квалификувани невработени лица

в) лица над 55 години

  • за лицата кои ќе бидат избрани и ангажирани е предвидена финансиска подршка во износ од 7.200,оо денари месечно (во кои е вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување) по едно ангажирано невработено лице месечно.
  • За време на јавните работи ангажираните невработени лица не ги губат правата по основ на невработеност.
  • Пријавувањето ќе се врши во просториите на Општина Радовиш во Архива од 15.01.2020 а најдоцна до 20.01.2020 година, секој ден од 7,30 часот до 15,30 часот.
  • Заинтересираните лица можат да подигнат формулар за пријавување во просториите на Општина Радовиш во Архива од 15.01.2020, а најдоцна до 20.01.2020 година, секој работен ден од 7,30 часот до 15,30 часот.
  • Со секое од избраните лица, по извршениот избор, Општина Радовиш ќе склучи посебен договор во времетраење од 9 месеци и тоа од 01.02.2020год. до 31.10.2020 год.

 

Избраните лица ќе работат на следните работни задачи:

  • Одржување на градските и руралните паркови;
  • Одржување и чистење на објектите и нивната околина кои се во сопственост на ЕЛС Општина Радовиш;
  • Одржување и чистење на радовишка река;
  • Зелените површини покрај стамбените згради;
  • Зелените површини на бул.Александар Македонски;
  • Чистење на локалните патишта и улици (на ниво на општина);
  • Чистење на канафки и канали (на ниво на општина);
  • Обележување на локалните патишта и улици со хоризонтална и вертикална сигнализација (на ниво на општина);

 

Комисија за јавни работи