ЈАВЕН ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА 12 РАБОТНИЦИ ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ЈАВНИ РАБОТИ ВО РОК ОД 6 МЕСЕЦИ
Дата
January 29, 2019
Категорија
Вести, Известување, СоопштенијаВрз основа на Програмата за јавни работи 2018-2021 година на Општина Радовиш, Решение за назначување на Комисија за спроведување и мониторинг на јавен оглас за ангажирање на 12 работници за изведување на јавни работи во рок од 6 месеци бр: 09-175/2 од 28.01.2019 год. Одлука за објавување на јавен оглас за ангажирање на 12 работници за изведување на јавни работи во рок од 6 месеци на Општина Радовиш број: 09-175/3 од 28.01.2019, на ден 28.01.2019 година, објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС
за ангажирање на 12 работници за изведување на јавни работи во рок од 6 месеци.
Услови за пријавување:
а) долгорочно евидентирани невработени лица
б) ниско квалификувани невработени лица
в) лица над 55 години
- за лицата кои ќе бидат избрани и ангажирани е предвидена финансиска подршка во износ од 7.200,оо денари месечно (во кои е вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување) по едно ангажирано невработено лице месечно.
- За време на јавните работи ангажираните невработени лица не ги губат правата по основ на невработеност.
- Пријавувањето ќе се врши во просториите на Општина Радовиш во Архива од 28.01.2019 а најдоцна до31.01.2019 година, секој ден од 7,30 часот до 15,30 часот.
- Заинтересираните лица можат да подигнат формулар за пријавување во просториите на Општина Радовиш во Архива од 28.01.2018, а најдоцна до 31.01.2019 година, секој работен ден од 7,30 часот до 15,30 часот.
- Со секое од избраните лица, по извршениот избор, Општина Радовиш ќе склучи посебен договор во времетраење од 01.02.2019год. до 31.8.2019 год.
Избраните лица ќе работат на следните работни задачи:
- Одржување на градските и руралните паркови;
- Одржување и чистење на објектите и нивната околина кои се во сопственост на ЕЛС Општина Радовиш;
- Одржување и чистење на радовишка река;
- Зелените површини покрај стамбените згради;
- Зелените површини на бул.Александар Македонски;
- Чистење на локалните патишта и улици (на ниво на општина);
- Чистење на канафки и канали (на ниво на општина);
- Обележување на локалните патишта и улици со хоризонтална и вертикална сигнализација (на ниво на општина);
Комисија за јавни работи