ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ИЗРАБОТКА НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ
Дата
March 24, 2016
Категорија
Известување, СоопштенијаС О О П Ш Т Е Н И Е
Се известуваат граѓаните и правните лица на територијата на Општина Радовиш, дека се распишува:
Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на Урбанистички планови.
Јавниот повик се распишува согласно на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.в. на РМ бр.199/2014,42/2015,44/2015,31/16) за период од најмалку 30 дена од објавата за сите заинтересирани физички и правни лица.
- Во период од 31 ден, сите заинтересирани физички и правни лица треба да достават иницијативи за изработка на Урбанистички планови од член7, став(1), точка2, алинеи 2, 3 и 4 од Законот за Просторно и Урбанистичко планирање, во електронска форма преку информацискиот систем е- урбанизам или во писмена форма.
- Предмет на иницијативите може да биде донесување на нов Урбанистички план или изменување и дополнување на постоечки Урбанистички план или Урбанистичко-планска документација со конкретен предлог од подносителот на иницијативата.
- Јавниот повик ќе трае 31 ден, сметано од објавата во јавно гласило .
- Јавниот повик ќе биде објавен во Службен гласник на општина Радовиш, на веб страната на Општина Радовиш: www.radovis.gov.mk; на огласна табла во општината, во информацискиот систем е-урбанизам и во дневен весник .
Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на Урбанистички планови (превземи)