ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА СПОРТИСТ, СПОРТСКА ЕКИПА И ТРЕНЕР ЗА 2015 ГОДИНА
Дата
January 13, 2016
Категорија
Вести, Известување, Спорт
Ј А В Е Н П О В И К
за предлагање на кандидати за избор на спортист, спортска екипа и тренер за 2015 год.
како и за спортски работник за повеќегодишна работа
- Комисијата за култура, образование и спорт ги повикува сите спортисти и спортски екипи од општина Радовиш, кои имаат остварено спортски успеси во текот на 2015-та година, да пријават кандидати на Јавниот повик.
- Поднесената пријава треба да биде потпишана и заверена од страна на овластеното лице на Спортскиот клуб или здружението кои го пријавуваат спортистот, спортската екипа, тренерот и спортскиот работник.
Во пријавата треба да бидат наведени постигнатите резултати во поединечна или во екипна конкуренција во 2015-та година, а во прилог да бидат приложени докази за истите (копија од диплома, фотографија, извештај од федерација и сл.).
- Рокот за доставување на пријавите е 10 (десет) дена од денот на објавувањето на Јавниот повик, заклучно со 25.01.2016 год.
ЈАВЕН ПОВИК (превземи)