If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ГРАЃАНИТЕ ОД 1 И 2 УЗ РАДОВИШ СО СВОИ ИДЕИ ЗА ПОУРЕДЕН ГРАД И ОПШТИНА
11264
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-11264,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ГРАЃАНИТЕ ОД 1 И 2 УЗ РАДОВИШ СО СВОИ ИДЕИ ЗА ПОУРЕДЕН ГРАД И ОПШТИНА

Дата

December 15, 2015

Категорија

Вести

На вчерашната средба со градоначалникот на општината Сашко Николов која се одржа во просториите на градската библиотека ,,Браќа Миладиновци,, во присуство на претседателот на Советот на општина Радовиш Никола Миовски и пратеникот во Собранието на Република Македонија Нада Ципушева . Присутните граѓани од во прва и втора урбана заедница беа видно заинтересирани и активно учествуваа во дебатата на насочена кон давање на идеи кои понатаму ќе бидат вградени во програмата на општината за 2016 година.

 

Ова средба е дел од агендата на Градоначалникот Николов кој ја воведе праксата на редовна комуникација со граѓаните од градот односно сите урбани заедници, а и од населените места кои во периодот кој следува ќе бидат посетени со иста цел: да се разговара со граѓаните и тие да дадат свои предлози и идеи со чија реализација ќе се подобрат дел од условите за живеење на граѓаните од нашата општина, а со самото тоа и во нашата држава. ,,Ваквата пракса-рече градоначалникот станува редовна со самото тоа што ние како локални власти и ние како партија ВМРО-ДПМНЕ во нашата програма ги вградуваме идеите на граѓаните во програмите, конкретно вечерашната средба е со цел да поразговараме за потребите на овие две урбани заедници и вашите идеи за проекти да ги вградиме во новата програма на општината за 2016 година.,,-истакна Николов.

 

Присутните граѓани истакнаа дел од проблемите со кои се соочуваат како присуството на кучиња скитници, чистење и средување на речното корито, прашања кои се однесуваат за изградбата на новиот градски пазар, што се планира со улица:,,Исарот,, дали општината смета да го подобри пристапот кон градските гробишта со изградба на улицата ,,Бел камен,,, дали општината размислува за решавање на проблемот со паркингот и дали смета да воведе зонско паркирање во град Радовиш, а имаше и предлози да се подобри градската чистота и да се сечат гранките на дрвјата кои сметаат на уличните светилки, да се обноват старите дрвореди, средствата за спортски клубови порано да се доделуваат, да се отвори центар за дијализа во градот Радовиш, да се изгради градска атлетска патека за спортување и други.

 

На секое од овие прашања градоначалникот Сашко Николов даде соодветен одговор, дел од предлозите ќе бидат и дел од новата општинска програма, а дел се во тек на реализација на пример изградбата на улица ,,Бел Камен, за неколку денови таму започнуваат градежните активности, зонското паркирање како проект беше започнато и има изготвено и студија за негово реализирање, но се уште се размислува околу неговото воведување. ,,Ние сме луѓе и партија која ги исполнува своите ветувања и реализира проекти, тоа се докажа во минатото, а се докажува и сега со добро планирање и успешно реализирање на проекти. Сметам дека во 2016 година ќе се насочиме кон она што го констатиравме како најгорлив проблем за нашиот град, а тоа е отварањето на нови работни места преку донесување на странски инвеститори. Во последно време можам да кажам дека активноста на ова поле е на највисоко ниво контактираме со неколку инвеститори и се надевам дека 2016 година ќе успееме да оствариме успех и на ова поле,,.