ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СУЛДУРЦИ
Дата
July 24, 2015
Категорија
ВестиДенес во просториите на општина Радовиш беше одржана Јавна презентација за донесување на Урбанистички план за село Сулдурци во површина од 31,74 ха.
Нацрт планот е истакнат во малата сала во општина Радовиш, каде што се одржа и Јавната презентација.
Јавната анкета ќе трае 10 работни дена, а планот ќе биде изложен од 20.07.2015 до 31.07.2015 година.
Анкетни листови за учество во Јавната анкета можат да добијат сите заинтересирани граѓани и правни лица, кои можат да достават писмени забелешки за Нацрт планот за село Сулдурци.