ПОСЕТA НА ДЕЖУРНИТЕ СЛУЖБИ КОИ РАБОТАТ ЗА ВРЕМЕ НА НОВОГОДИШНАТА НОЌ
Дата
December 31, 2021
Категорија
ВестиНа новогодишната ноќ, одредени служби морат професионално да се грижат за безбедноста и здравјето на граѓаните на општина Радовиш.
Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов и Претседателката на Советот Моника Ристевска, како дел од новогодишните активности ги посетија дежурните служби во Територијалната противпожарна единица, во Итната помош при Јавната здравствена установа и дежурните службеници од Одделението за внатрешни работи – Радовиш.
Во знак на благодарност и успешна соработка со ЕЛС општина Радовиш, и посакувајќи им што помалку активности во новогодишната вечер, на сите дежурни службеници им подариja паметни часовници.