35. СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ
Дата
May 13, 2015
Категорија
Вести, СоветДенес во салата на Советот на општина Радовиш беше одржана 35та седница на Советот на општина Радовиш.
На оваа седница се работеше со претходен донесен дневен ред од 33 точки, а со седницата заседаваше Претседателот на Советот Никола Миовски.
Советниците ги разгледаа и освоија голем број на одлуки и извештаи донесени од комисиите при Советот на општина Радовиш, а на самиот почеток беше одадена почит за загинатите припадници на македонските безбедносни сили кои херојски загинаа за суверенитетот на Република Македонија.