„Подобрување на патната мрежа за развој на руралната прекугранична област“ – АГРАС
Дата
20 November
Категорија
Тековни ПроектиProject name: “Improving of Road Network for Development of Rural Cross Border Area” – AGRAS
Проект: „Подобрување на патната мрежа за развој на руралната прекугранична област“ – АГРАС
This project is co-funded by the European Union and by National Funds of the Participating Countries under the IPA Cross – Border Programme – 2007 – 2013, CRIS No: IPA/2009/DN021101/CN 307-429
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ќе организира јавна дебата во општина Радовиш на 28-ми Ноември 2013 г. во просториите на Центарот за култура Ацо Караманов со почеток во 13 часот за изработката на стратешкиот документ – Студија на можности за подобрување на патната инфраструктура во Југоисточниот плански регион со помош на надворешни експерти. Студијата на можности ќе биде подготвена и ќе им користи во иднина на сите заинтересирани страни (општини, министерства, итн).
Информација. Во рамките на проектот „Подобрување на патната мрежа за развој на руралната пркугранична област“ – АГРАС, финаниран од Европската унија преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Р.Грција – Р.Македонија 2007-2013 година и имплементиран од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ќе се одржуваат јавни дебати во сите десет општини од Југоисточниот плански регион. Тема на дискусија ќе бидат изработените анализите за постоечката патна инфраструктура во регионот. Истите ќе се дискутираат и анализираат со помош на надворешни експерти во поглед на техничките прашања и дизајнот.
Дебатите ќе ги организира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во координација со општините. Учество ќе земат сите заинтересирани страни (општините, бизнис сектор, експерти, итн.)
Целта на јавните дебати е да се добие целосен увид и преглед на моменталната состојба на инфраструктурата во регионот и да се подобри истата преку анализите од дискусиите во општините со помош од соодветни експерти. Истите ќе послужат за изработка на стратешки документ Студија на можности која ќе послужи за подобрување на патната инфраструктура во Југоисточниот регион.
Студијата на Можности ќе биде подготвена и доставена до сите заинтересирани страни во иднина.
Првите јавни дебати од овој вид ќе се одржат во општините Конче и Радовиш во четврток на 28.11.2013 година. Во Конче со почеток во 10.00 часот во просториите на општината додека во општина Радовиш јавната дебата ќе започне во 13.00 часот во Дом на културата.