ПУШТЕНО ВО УПОТРЕБА ПОВЕЌЕНАМЕНСКОТО ИГРАЛИШТЕТО ВО ООУ НИКОЛА КАРЕВ
Дата
December 11, 2014
Категорија
Вести, Реализирани ПроектиПолека но сигурно ја менуваме спортската мапа на Македонија и градиме концепт на здрава нација и концепт на психо-физички здрава младина истакна Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасевски пред Вицепремиерот и Министер за финансии Зоран Ставревски,пред Градоначалникот Сашко Николов како и пред многубројните граѓани присутни денес во дворот на ООУ Никола Карев на свеченото пуштање во употреба на новото мултифункционално игралиште во Радовиш изградено со средства на Агенцијата за млади и спорт, а од Проектот “100 повеќенаменски игралишта” во Република Македонија.
Градоначалникот Сашко Николов во своето излагање пред присутните гости кажа дека во општина Радовиш ги знаат придобивките од спортот и спортскиот развој на младите и дека посветуваат сериозно внимание на развојот на истиот.
Потенцирајки го фактот дека сите спортски екипи во Радовиш целосно се финансирани од буџетот на општина Радовиш како и фактот дека е рестартирана и општинската лига во фудбал Градоначалникот Николов вети дека покрај досега изградените спортски терени и фудбалски игралишта и понатаму во иднина на територијата на општина Радовиш ќе никнат голем број на нови игралишта и спортски терени.
Вицепремиерот и Министер за финансии Зоран Ставревски истакна дека Владата на Република Македонија секогаш со радост и од срце ги финансира проектите од спортска инфраструктура. Градењето на спортски терени и спортски игралишта стана препознатлив бренд на Агенцијата за млади и спорт и на владата на Република Македонија истакна Ставревски набројувајки ги и останатите инфраструктурни проекти кој заедно со Градоначалникот на општина Радовиш Сашко Николов ги имаат реализирано во општината, ветувајќи и понатаму голема помош од Владата за идните проекти на општина Радовиш и Градоначалникот Николов.