If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ВО ЈАРГУЛИЦА ОТВОРЕН НОВИОТ “ЦЕНТАР ЗА РАН ДЕТСКИ РАЗВОЈ”
163
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-163,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive
 

ВО ЈАРГУЛИЦА ОТВОРЕН НОВИОТ “ЦЕНТАР ЗА РАН ДЕТСКИ РАЗВОЈ”

Дата

20 November

Категорија

Реализирани Проекти

Денес во Јаргулица беше свечено отворен Центарот за ран детски развој во рамките на иницијативата “Првите 5 се најважни на свет„ а во соработка со општина Радовиш, Unicef и Т-мобиле.

Со свечено сечење на лента центарот официјално го пуштија во употреба Градоначалникот на општина Радовиш г-дин. Сашко Николов, г-ѓа. Ража Мсефер Берад, заменик претставник на УНИЦЕФ и г-ѓа. Леа Липша претседател на фондацијата Т-мобиле Македонија.

Благодарение на новиот детски Центар за ран детски развој кој беше отворен денес, децата на возраст од 3 до 6 години од селото Јаргулица сега имаат можност да посетуваат квалитетна предучилишна програма.

 

Со отварањето на овој Детски центар во Јаргулица покажуваме дека не мора да се инвестира многу пари за да се направи голема промена. Со пренамена на просторијата од училиштето која не се употребуваше, овозможивме најмалите деца од Јаргулица да добијат иста можност како и нивните врсници кои живеат во Радовиш, рече г-дин. Сашко Николов, Градоначалник на општина Радовиш, кој исто така додаде дека во рамките на овој проект ќе се отвори уште еден ваков Детски центар во селото Злеово.