ДОНАЦИЈА НА СПОРТСКА ОПРЕМА ЗА КОРИСНИЦИТЕ НА ЦЕНТАРОТ ПОРАКА
Дата
20 November
Категорија
Реализирани ПроектиТренерки, маици, шалчиња и капи денес добија корисниците од дневниот центар Порака како донација од Советот за поддршка и развој на деца и млади на Македонија.
Оваа донација доаѓа како резултат на соработката и залагањата на Градоначалникот на Општина Радовиш, г-дин. Сашко Николов и Претседателот на Советот на Општина Радовиш, г-дин. Никола Миовски со претставниците на Советот за поддршка и развој на деца и млади.
Тие секогаш се подготвени да дадат придонес и да ги поддржат и афирмираат хуманоста и хуманите дела, а ова е само почеток на хуманитарните акции кои следуваат во иднина.
Претседателот на Советот за поддршка и развој на деца и млади, м-р Десанка Николова и претставникот на Советот за Радовиш и околината, професор Билјана Коцева најавија дека ќе бидат донирани прехрамбени продукти, училишен прибор и книги, а во соработка со Градоначалникот Сашко Николов и Претседателот на Советот Никола Миовски ќе бидат доделени и дваесетина бесплатни летувања за талентирани ученици кои потекнуваат од семејства со социјален ризик.