ГИ ОБНОВУВАМЕ СПОМЕНИЦИТЕ ОД МИНАТОТО ЗА ДА ЈА ЧУВАМЕ ИДНИНАТА
Дата
October 28, 2014
Категорија
Вести, Реализирани ПроектиРадовиш е град херој со бурна револуционерна историја, уништуван пален и газен од сите освојувачки војски кој ја поробувале Македонија градот наоѓал сили да воскресне и од пепелта и урнатините да се издигне еден нов и поубав Радовиш.
Плодните полиња и каменести ридови на Радовиш се послани со труповите на голем број јунаци-знајни и незнајни кој ги вградија своите животи за нашата денешна иднина. Почитувајки го нивното херојско дело општина Радовиш и градоначалникот Сашко Николов грижливо и домаќински се однесуваат кон секој еден споменик изграден во минатото но и согласно своите можности градат и нови споменици оддавајки им почит на јунаците и хероите од Радовиш и радовишко.
Деновиве заврши изградбата на спомен паркот на борците од НОВ во село Војславци кој преставува прекрасно катче за одмор и рекреација но и место каде што новите поколенија ќе можат да се запознаат со имињата на паднатите борци и нивните дела.Вистинско ремек дело и рај за душата преставува и спомен паркот со паметник на дедо Дане Трајков на планината Плачковица, на местото каде што загинал овој наш сограѓанин – херој на Плачковица и член на АСНОМ.
Ја знаеме и почитуваме тежината и вредноста на нивните дела затоа и ги славиме и негуваме нивните паметници.