If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | Повик за поднесување на понуди (ППП), ПРОЕКТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ УСЛУГИ (MSIP) MSIP- NCB-137-19
17081
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-17081,ajax_updown,page_not_loaded,,boxed,no_animation_on_touch,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

Повик за поднесување на понуди (ППП), ПРОЕКТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ УСЛУГИ (MSIP) MSIP- NCB-137-19

Дата

November 27, 2019

Категорија

Вести, Известување, Соопштенија

Повик за поднесување на понуди (ППП)

 

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ПРОЕКТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ УСЛУГИ (MSIP)

MSIP- NCB-137-19

  1. Овој Повик за поднесување на понуди ја следи општата објава за набавки за овој проект објавена во изданието на UN Development Business со бр. 767 од 31 јануари, 2010 година (печатено издание) и електронски објавена на 06 јануари, 2010 година.

 

  1. Република Македонија доби грант средства од Европската комисија во рамките на ИПА фондот за рурални инвестиции на Европската комисија за реконструкција и развој за Проектот за подобрување на општински услугите (МСИП) и има намера дел од добиените средства од овој грант да ги искористи за плаќања по договор за Набавка на специјално возило со надградба – тростран кипер со носивост 5000кг. за потребите на општина Радовиш, корисник ЈКП Плаваја Радовиш .

 

  1. Општина Радовиш ги повикува соодветните и квалификувани Понудувачи за Набавка на специјално возило со надградба – тростран кипер со носивост 5000кг. за потребите на општина Радовиш, корисник ЈКП Плаваја Радовиш да ги достават своите запечатени понуди.

 

  1. Поднесувањето понуди ќе се спроведе преку процедури за национално конкурентно наддавање како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, (од мај 2004 година, ревидирано во октомври 2006 година и мај 2010 година), и е отворен за сите Понудувачи од квалификуваните држави како што е дефинирано во тендерската документација.

 

  1. Заинтересираните Понудувачи може да добијат дополнителни информации од:

Општина Радовиш и да извршат увид во тендерската документација на наведената адреса од 08:00 до 16:00 часот.

 

  1. Потребните квалификации вклучуваат:

 

  1. Финансиска способност:

Понудувачот треба да достави документиран доказ дека ги исполнува следниве финансиски услови: годишен обрт од најмалку 220.000,00 ЕУР во последните три години. Доколку Понудувачот е во форма на Заедничко вложување (ЗВ), сите членови на ЗВ треба заедно да  ги исполнуваат горенаведените услови за квалификација. Главниот носител на заедничкото вложување  треба да исполнува најмалку шеесет проценти од горенаведените  квалификациски услови.

 

  1. Искуство и технички капацитет

Понудувачот треба да достави референтна листа како и копија од  најмалку два (2) успешно спроведени договори во последните три (3) години, за набавка на најмалку две (2)возила тростран кипер со носивост 5000кг. Ако Понудувачот е Заедничко вложување (ЗВ), сите членови треба заеднички да ги исполнуваат сите квалификациски услови  и секој од членовите од ЗВ треба да има најмалку еден успешно спроведен договор во последните пет години за набавка на слични стоки.

 

Понудувачот треба да достави детален опис на пост-продажните услуги, сервис, сервисери  и  резервните делови на располагање во земјата на Купувачот за стоките кои се нудат во Понудата. Ако ваквите услуги не се достапни во земјата на Купувачот, Понудувачот треба да достави во понудата писмена потврда дека доколку е успешен, тој ќе биде застапен од страна на агент во земјата на Купувачот, како што е наведено во ИП 17.1(b) и ИП 17.1(b) од ЛПП. Доколку Понудувачот е успешен, тој треба да достави документиран доказ за именување на квалификуван Агент во рок од 28 дена од денот на приемот на известувањето за доделување на договорот.  Неможноста да достави ваков доказ преставува основа за поништување на Договорот. Во тој случај, Купувачот може го додели договорот на следниот Понудувач со најниска цена којшто има квалификации, во согласност со ИП 40.2.

 

 

  1. Понудувачот треба да достави документиран доказ со кој ќе покаже дека стоката која ја нуди ги исполнува следниве услови за употреба:

Понудувачот ќе достави технички карактеристики во согласност со бараните технички карактеристики-спецификации на понудените специјални комунални возила, каталози, фотографии на возилата.

  1. Заинтересираните Понудувачи може да ја купат комплетната тендерска документација по поднесување на писмена апликација на адресата дадена подолу:

Општина Радовиш, Адреса: бул.Александар Македонски бр.2, Радовиш, Поштенски број: 2420 Радовиш, Република Северна Македонија и по плаќањето на неповратна такса од  1,000.00 МКД. Методот на плаќање ќе биде преку ПП50 образец, на следната сметка:

 

За плаќања во МКД – број на сметка

 

Банка: Народна банка на Република Македонија

Број на сметка: 100000000063095

Буџетска корисничка сметка: 758014072063018

Приходно конто: 724-125

Програма: 00

 

Понудите треба да бидат доставени на долунаведената адреса:

 

Адреса:Општина Радовиш

Адреса: бул.Александар Македонски бр.2

Број на кат/канцеларија: архива

Поштенски број:2420 Радовиш

Република Северна Македонија

 

не подоцна од:12:00 часот на 27.12.2019

 

Сите понуди мора да бидат придружени со гаранција на понудата од не помалку од 130.000,00МКД

Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат отворени во присуство на претставници на понудувачите кои ќе решат да присуствуваат на адресата наведена подолу:

Адреса:Општина Радовиш

бул.Александар Македонски бр.2

Бр. на кат – соба: Сала за состаноци

Поштенски број:2420

Република Северна Македонија

 

12:00 часот на 27.12.2019

 


pdf-icon

(Погледни или Превземи)

Повик за поднесување на понуди (ППП)

ПРОЕКТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ УСЛУГИ (MSIP)