ПРОМОВИРАЊЕ НА ПРОЕКТОТ “КОН ИДНИНАТА“
Категорија
ВестиДенес во ООУ „Никола Карев“ во Радовиш се одржа презентација на проектот за обновливи извори на енергија „Кон Иднината“ кој е дел од програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија. На презентацијата свое обраќање имаа менаџерот на проектот г-ѓа Мима Станоевска, и Ламбе Алабаковски.
Лидер на проектот е Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, во соработка со општините, а целта на проектот е да се подобри квалитетот на животот во прекуграничниот регион преку зголемување на енергетската ефикасност и искористување на еко ресурсите.
На денешната презентација пред учениците, преку игра и прашања беа запознаени со изворите на енергија и начините за нивно искористување.