![](https://radovis.gov.mk/wp-content/uploads/2014/03/pen_oraov_1.jpg)
ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ОРАОВИЦА ДОБИЈА СВОЈ ПЕНЗИОНЕРСКИ КЛУБ
Дата
20 November
Категорија
Реализирани ПроектиДенеска на свечен начин беше отворен Пензионерскиот клуб во Ораовица. Просторијата на новиот пензионерски клуб во Ораовица е отстапена од страна на Општина Радовиш, а додека внатрешната реконструкција и дел од инвентарот е донација на нивниот сограѓанин Александар Зифовски.Пензионерите исто така пријатно беа изненадени од страна на претставницте на локалната самоуправа од Радовиш, каде што денеска исто така им беше дониран Телевизор подарок од Градоначалникот г-дин. Сашко Николов.
Со пуштање во функција на овој пензионерски клуб, сите пензионери од Ораовица во оваа ново катче – имаат можност да се дружат да разговараат и поминуват еден дел од денот, каде што исто така ке имаат простор да играат шах, домино и др. истакна претседателот на Здружението на пензионерите од Радовиш