ППЕ РАДОВИШ ДОБИ ОПРЕМА ДОНАЦИЈА ОД СТРАНА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ
Дата
20 November
Категорија
Реализирани ПроектиНа огромно задоволство на вработените во Против пожарната единица од Радовиш, Градоначалникот на општина Радовиш, Сашко Николов и претседателот на Советот, Никола Миовски им донираа нова опрема – во комплети на униформи, заштитни чизми, чевли, баретки на сите вработени.
Инаку опремата е набавена од страна на општина Радовиш и е од највисок модифициран квалитет, каде што ги задоволува сите светски стандарди на против пожарна заштитна опрема.
Вредно е да се напомене дека Бригадата на ПП Радовиш е рангирана на второ место во Република Македонија, по опрема, ефективност и спремоност после ПП Скопје.
Исто така општина Радовиш и Градоначалникот г-дин. Сашко Николов одобрија средства за промена на кровната конструкција на Пожарникарскиот дом во Радовиш и старата гаража.